Хрватска летово и официјално ќе побара влез во еврозоната, односно во европската банкарска унија, а за промена на својата валута од куна во евро ќе мора да почека најмалку две и пол години.
Хрватската влада наскоро ќе ги извести европските институции за примената на сите мерки, а Европската централна банка треба да ги извести од еврозоната за проценката на пет хрватски банки.
Хрватскиот „Јутарњи лист“, објави дека владата очекува позитивен одговор до средината на јули, по што, според постапката, ќе се испрати официјално барање за влез во еврозоната.
Се проценува дека овој процес ќе заврши во наредните месеци. Сепак, искуството на другите земји покажува дека периодот до воведување на еврото може да варира од две и пол години, колку што и требаше на Словенија, па се до 11 години, колку што и беше потрeбно на Литванија.