Хрватската економија во слободен пад

Hrvatska ekonomija
Hrvatska ekonomija

Хрватската економија е во пад дури 15,1 процент во вториот квартал од оваа година во однос на истиот период лани, според првите проценки на Државниот завод за статистика. Споредено со првиот квартал, економската активност, според истите податоци, е намалена за 14,9 проценти. Ова е рекорден пад на хрватскиот БДП, многу поголем отколку во последната рецесија.

Zito akcija 640x289px

Рекордниот пад на бруто домашниот производ на Хрватска (БДП) во вториот квартал од оваа година е директна последица на карантинот, во кој хрватската економија беше „заклучена“, а економската активност беше сведена на минимум. Ова беше проследено со постепено „отклучување“ на економијата, при што беа олеснети рестриктивните мерки, но многу компании дури и не го чекаа тоа, со оглед дека во моментот додека траеше карантинот беа целосно без приход.

Agria

Резултатот е зголемување на невработеноста што Хрватска не памети во последниве години. Имено, во првите три месеци од пандемијата, кои најмногу се однесуваат на вториот квартал, во Хрватска се изгубија околу 50 000 работни места, како што покажаа податоците.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: