Голем скандал се случил доцна синоќа во Задар, каде во два одвоени инциденти се нападнати членови на раководството на кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда и двајца новинари од Србија.
Содржината продолжува под рекламата
Најпрви маскирани лица нападнале членови на Управниот одбор на белградскиот клуб, а потоа во друг инцидент исто така биле нападнати и двајца новинари од Србија.
Содржината продолжува под рекламата
Од таборот на “црвено-белите“ обвинуваат дека нападите се организирани од страна на едно исто лице, односно таксистот кој ги возел од аеродромот до хотелот и побараа натпреварот да се игра без публика, бидејќи се загрижени за својата безбедност.
Задарската полиција соопшти дека привела две лица поради напад на членовите на Управниот одбор на Црвена Звезда и српските новинари. Акцијата е завршена неколку часа по полноќ, а во тек се анализи дали имало уште некој вмешан во скандалот што се случи во хрватскиот град. Немилиот настан го осудија и од КК Задар, како и од АБА лигата.
Можеби ќе ве интересира: