И денес не сообраќаат патничките и товарните возови

Zeleznicka Veles voz

Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови во државава откако машинскиот и извршниот персонал во Железници Транспорт на РМ вчера изутрина почна бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за декември лани.

Zito akcija 640x289px

Машиновозачите излегоа од возовите и немаат намера да се вратат на своите работни места сè додека не ја добијат втората половина од декемвриската плата. Персоналот на „Македонски железници – Инфраструктура“ е во бојкот, а во прекин е целокупниот патнички и товарен сообраќај.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според информациите од државната компанија, товарниот сообраќај прво бил намален за 90 проценти уште во саботата, а утринава од 7 часот е во целосен прекин патничкиот сообраќај. Машиновозачите се децидни – бојкотот ќе трае сè додека не им биде исплатен долгот. Поради вакви проблеми со нередовна исплата на платите персоналот на железница протестираше и во текот на летните месеци, кога исто не им беше исплатена половина од платата за јуни.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27183/privedeno-licze-od-selo-dolno-jabolchishte-za-izdrzhuvane-na-kazna-zatvor/