И денес висока бројка на заразени со ковид-19, бројот на активни случаи надмина 400

Veles centar

И денес висока бројка на заразени со ковид-19 во Велес. Министерството за здравство регистрира нови 46 позитивни случаи во Велес, нема регистрирано ниту еден оздравен. Бројот на активни случаи во градот е 411.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на КОВИД-19 во:

Agria

Скопје – 624, Прилеп – 80, Битола – 50, Велес – 46, Куманово – 43, Тетово – 40, Кавадарци -36, Кочани – 32, Охрид – 30, Неготино – 23, Струмица – 22, Штип – 21, Гевгелија – 20, Валандово – 16, Гостивар и Берово – по 14, Демир Капија – 13, Ресен – 12, Пробиштип и Крушево – по 9, Свети Николе – 8, Струга, Радовиш и Делчево – по 7, Виница – 5, Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево – по 4, Кратово и Демир Хисар – по 3, Дебар и Македонски Брод – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 111 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: