Во ковид статистиката на Министерството за здравство во Велес се регистрирани нови 19 случаи на ковид-19. Оздравени се 34, а едно лице на 79 годишна возраст е починато. Бројот на активни случаи во Велес е 651.
Во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје –209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип – по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар – по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево – по 3, Берово, Делчево и Крушево – по 2, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 641 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 39 починати лица: 18 од Скопје (52г, 53г , 62г, 66г, 71г, 71г ,73г, 73г, 74г, 74г, 78г, 79г, 80г, 82г, 83г, 85г и 91г), по 3 починати лица од Охрид (64г, 81г и 82г), Тетово (63г, 80г и 81г), Струмица (72г, 73г и 80г) и Кавадарци (70г, 82г и 83г), по 2 лица од Прилеп (66г и 67г) и Куманово (58г и 80г), по едно лице од Битола (74г), Велес (79г), Штип (77г), Кочани (71г) и Пробиштип (63г). Сите починати пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392.
Можеби ќе ве интересира: