Откако денеска повторно се разви полемика дали Роналдо ја допре топката по нафрлувањето на Бруно Фернандеш на синоќешниот дуел со Уругвај и дали ФИФА ќе му го запише тоа како негов гол, со свој став се јави Златан Ибрахимовиќ:
„Знаете кога сте ја допреле топката…и знаете кога не сте го направиле тоа. Најсрамната работа е да заборавите дека има камери кои ќе ја откријат вистината. Доколку јас ја удрев топката, трчам право кон Бруно Фернандеш и прославувам со него, му кажувам дека е негов голот и дека јас не сум ја удрил топката, а не да се обидувам да добивам непотребно внимание од јавноста. Ова јасно покажува дека тој сака сè да се врти околу него, токму затоа Тен Хаг го избрка од Јунајтед. Тој едноставно е вознемирен дека сите очи на медиумите се кон Меси кој ја одржа Аргентина во живот на Светското првенство, тој сега се обидува да го украде вниманието од Меси и Бруно. Фудбалот не е за лажговци“, изјави Златан Ибрахимовиќ.
Португалија обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во Катар откако во рамки на второто коло во групата Х го совлада Уругвај со 2:0 (0-0) предводена од двојниот стрелец Бруно Фернандеш.
Португалија дојде во водство во 54 минута, а победата ја завери од пенал во третата минута од судиското продолжение.
Водечкиот гол првично му беше препишан на Кристијано Роналдо, но подоцна ФИФА објави дека снимката покажува оти стрелец на погодокот е Фернандеш. Истиот играч во финишот беше прецизен од белата точка, откако беше досуден пенал поради играње со рака во шеснаесетникот од Луис Суарез.
Со овој натпревар заврши второто коло во фазата по групи по кое пласман во осминафиналето досега обезбедија Португалија, Бразил и Франција.
Можеби ќе ве интересира: