
Борец го задржа костурот на тимот и со новите засилувања ќе се обиде да биде сериозен ривал на секој противник во новата сезона на Првата лига, која, според познавачите, ќе биде изедначена како никогаш до сега.
Денес на својата фејсбук страница ФК Борец објави дека ги обновил договорите на вториот стрелец во првенството Никола Прелчец и неговиот сонародник Никола Гавриќ.

Од младинскиот погон е прекомандуван и младиот и надежен играч со славно презиме, Џемал Ибрахимовиќ кој исто така ќе ја зголеми конкуренцијата во првиот тим.
Тренажниот процес почна и оваа недела се закажани два подготвителни контролни натпревари, веќе во среда е закажан тестот со екипата на Академија Пандев во Пехчево, а за сабота со Силекс во Кратово.
Можеби ќе ве интересира: