Ибрахимовиќ позитивен на коронавирус, ова беше откриено пред натпреварот помеѓу Милан и Бодо Глимт. После Лео Дуарте, ова е втор случај на коронавирус во Милан.
На неколку часа пред мечот со Бодо/Глимт во Лига Европа, Милан информираше дека Златан е фудбалерот кој има позитивен тест на коронавирус, па искусниот напаѓач сега ќе мора да мине процес на изолација.
Поради протоколот кој го налага УЕФА, сите вработени во Милан и играчите од првиот тим мораа да подлегнат на нови тестови, по кои тренерот Стефано Пиоли сега остана без Златан Ибрахимовиќ за вечерашниот меч во Лига Европа.
Можеби ќе ве интересира: