Велешката гордост, фудбалскиот клуб Борец се соочува со тежок период. Клубот не обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига, па затоа оваа година ќе се натпреварува во Втората лига која од оваа сезона ќе биде единствена и со силна конкуренција. .
Клубот воопшто не е активен кога е во прашање новата сезона. Играчите си заминуваат, а сè уште клубот нема план и стратегија за следната сезона кога се во прашање засилувањата и целите. Оние второлигаши кои имаат силни амбиции за враќање во Првата лига веќе сериозно градат тимови за атак на местата кои водат во елитата- Гостивар, Пелистер, Вардар…
Содржината продолжува под рекламата
Досега од клубот си заминаа Ѓоре Ѓорѓиев во Брегалница Штип, Јанкулов и Ефтимов се нови засилувања на Силекс, а најавени се и нови заминувања.
Содржината продолжува под рекламата
Сепак, да се надеваме дека клубот ќе изнајде начин како да изгради стабилен тим, кој за брзо време би се вратил онаму каде му е и местото, во Првата македонска фудбалска лига.
Можеби ќе ве интересаира: