Играниот филм „Дедо и внук“ – првенец на македонскиот режисер Илија Пиперкоски, а во кој значајна улага имаат и двајца велешани, пред една година ја доживеа својата светска премиера, а во годината која тукушто измина, собра неколку вредни награди на интернационални фестивали.
Последна од нив е наградата во категоријата „Најдобар филм“ на Интернационалниот филмски фестивал во Париз, која е шестта по ред. Претходно ја освои наградата за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, а доби и две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF – Tre International Film Festival во категоријата играни филмови. Досега две награди за фотографија освои и директорот на фотографија, Патру Паунеску.
Покрај монтажерот Данчо Стефков, во „Дедо и внук“ значајна улога има и уште еден велешанец – композиторот Оливер Тевчев, кој е автор на музиката на филмот. Се работи за млад автор, кој зад себе веќе има неколку соработки со Пиперкоски, а пред „Дедо и внук“, Тевчев ја напиша музиката и за играно-документарниот филм „Последниот Македонец“. 33-годишнот Тевчев е дипломец на Универзитетот за музичка и драмска уметност во Грац, Австрија, на отсекот – композиција.
Режисерот Пиперкоски е презадоволен од соработката со Оливер Тевчев. Тој го спореди со големите филмски композитори, за кои вели дека творат на три нивоа. На основното ниво, нивната музика спроведува длабока текстура на филмот, нешто што се чувствува, а несвесно се слуша од публиката, на повисоко ниво, нивната композиција функционира наспроти сцената, понекогаш работејќи со наклон кон расположението, а понекогаш и против него и на највисокото ниво стојат певливите звуци кои ја прекршуваат површината на композицијата.
„Јас имам чест, како композитор да го имам Оливер Тевчев, а тој ги остварува сите работи кои режисер ги посакува. Неговата генијалност, направи скоро сите мои филмови да бидат посебни“, рече Пиперкоски, кој најавува продолжување на нивната соработка.
Во продолжение, слушнете го саундтракот од филмот „Дедо и Внук“.
Можеби ќе ве интересира: