Инцидент на фудбалски натпревар од општинската фудбалска лига

FK Bogomila

Натпреварот од 12 коло од Општинската фудбалска лига Велес помеѓу екипите на ФК Богомила од
село Богомила и ФК Мартолци од село Горно Врановци не го дочека својот крај. На натпреварот избила физичка пресметка помеѓу играчи од двете екипи и дел од публиката, по што интервенирала и полицијата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 17.03.2024 во 11.00 часот на фудбалското игралиште во село Богомила, општина Чашка,
за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Богомила од
с.Богомила и ФК Мартолци од с.Горно Врановци, по претходна расправија, настанала
физичка пресметка помеѓу играчи од двете екипи и дел од публиката, по што натпреварот
бил прекинат“, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: