Инцидент во Велес: Штипјанец со остар предмет ја ранил невенчаната сопруга

napad so noz
napad so noz

18 годишен штипјанец ја нападнал и ја ранил својата малолетна невенчана сопруга вчера попладне, на улица во близина на Градскиот пазар во Велес.

Zito akcija 640x289px

На 13.07.2021 год. од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода Е.А.(18) од Штип, бидејќи околу 16.30 чaсот на ул.„Нада Бутникошарева“ во Велес, физички ја нападнал неговата невенчана 17-годишна сопруга, исто така од Штип, при што со остар предмет ѝ нанел повреди. Таа била пренесена во болницата во Велес за укажување на лекарска помош.

Agria

По овластување на Јавен обвинител бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: