Индија го презеде од Русија третото место на најпогодена земја во светот од Ковид-19, со речиси 700 000 случаи на заразени, покажуваат најновите податоци, а пандемијата во таа земја не покажува знаци на слабеење.
Во Индија досега почина 20.000 луѓе од првиот случај на вирусот, кој е регистриран во јануари. Таа земја сега го зазема неславното трето место на најпогодените земји во светот, зад САД и Бразил.
Бројот на случаи во Индија е осум пати поголем од оној регистриран од Кина, која има сличен број на население и каде вирусот се појави кон крајот на минатата година.
Властите денеска информираа дека ја повлекуваат одлуката за отворање на најпознатата туристичка атракција Таџ Махал, со оглед на зголемениот број заразени во тоа подрачје.
Можеби ќе ве интересира: