Инфлацијата во јуни 2025 изнесува 4,5% на годишно ниво, најмногу поскапеле транспортот и храната

Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во споредба со истиот месец лани, бележи зголемување од 4,5 %, додека индексот на цените на мало е зголемен за 3,7 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Инфлацијата измерена преку индексот на трошоците на животот на месечно ниво, односно јуни 2025 во однос на мај 2025, изнесува 0,8 %. Најголемо влијание врз ова зголемување имаат цените во категориите транспорт за 2,9 %, рекреација и култура, храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 %, разновидни стоки и услуги за 0,9 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,8 %, ресторани и хотели за 0,5 %, здравје за 0,3 %, комуникации, облека и обувки за 0,2 % и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 %.

Agria

На годишно ниво, според индексите на трошоците на животот, најголемо зголемување е забележано кај ресторани и хотели, храна и безалкохолни пијалаци е 106.3,  кај  алкохолни пијалаци, тутун и наркотици  105.9, кај рекреација и култура 105,6.

Овие податоци укажуваат на продолжена инфлаторна тенденција во земјата, со најголем товар врз потрошувачката кошничка кај основните и секојдневни трошоци.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: