Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2024 година, во однос на април 2024 година изнесува 0.9 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Текстот продолжува под рекламата
Според податоците, зголемувањето на инфлацијата во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 3.1 %, рекреација и култура за 2.1 %, транспорт за 1.9 %, облека и обувки за 1.5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.0 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, разновидни стоки и услуги за 0.4 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје за 0.1 %.
Текстот продолжува под рекламата
Намалување на трошоците на животот е забележано во групата комуникации за 0,3 проценти, а на исто ниво остануваат трошоците на живот во делот алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование. Во споредба со мај минатата година се бележи зголемување од 4,5 проценти.
Цените на мало во мај во споредба со април бележат зголемување од 1,3 проценти, а во однос на мај лани зголемување од 5,8 проценти.
Можеби ќе ве интересира: