Исечен бил кабелот од камерата која снимала кон зградата каде што беше киднапирана Вања

Vanja ubiena

Камерата која можела да ги даде сите одговори за киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а која снимала спроти влезот на зградата во која живееле, во кобниот момент не работела бидејќи кабелот и бил пресечен. Ова го појасни началник од МВР кој денеска сведочи на судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Zito akcija 640x289px

Тој појасни дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и неговиот пријател Гоце, на инспекторите од МВР им посочиле објект, на кој има камера, а кој е спроти влезот на зградата во која живеела Вања. Кога отишле да ја побараат снимката забележале дека кабелот е исечен. Ги земале снимките, но поради тоа што бил исечен кабелот немало ниту снимка, пренесува Фокус.

Agria

Сепак, тој од многуте снимки што ги добил од таткото Александар и Гоце, издвои една како чудна.

„Би издвоил една снимка и слика. Се гледаше возило на безнизиска пумпа во Велес, и како некој точи бензин, а друг седи во автомобилот. Тоа беше возилото на Панче, но во тој момент ние уште немавме поврзување на исчезнувањето на Вања со Панче, па ни беше чудно зошто ја добивме оваа снимка. Ни кажа дека е од некој братучед кој работел на бензиската, но не сакаше да каже од повеќе“, рече сведокот.

На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Извор на веста: Фокус

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: