Англискиот судија Ентони Тејлор ќе биде делител на правдата на мечот што македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра денеска во Тбилиси, Грузија, а ќе му помагаат Гери Бесвик, Адам Нун и Крег Поусон.
42.годишниот Тејлор е искусен судија а со знакот на ФИФА е од 2013 година. Тој на нашата репрезентација и судеше на Македонија во евроквалификациите за пласман на ЕУРО е 2016, тогаш во Скопје загубивме од Белорусија со 1-2 во март 2015 година.
Доколку натпреварот заврши нерешено во регуларните 90 минути, ќе се играат продолженија, ако и тогаш нема победник, ќе се изведуваат пенали.
Натпреварот се игра денеска од 18.00 часот.
Можеби ќе ве интрересира: