„Исламска Држава“ ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Виена

Viena teroristicki napad
Viena teroristicki napad

Терористичката ИД презеде одговорност за смртоносниот напад во Виена што се случи синоќа. Тоа се нагласува во соопштението на ИД на нивните канали на Телеграм.

Zito akcija 640x289px

Во пропагандна порака, терористичката група ја поздрави смртта и ранувањето на 30 „крстоносци“ од страна на „војник на калифатот“, пренесува „Индепендент“.

Agria

ИД сподели видео на кое Фејзулаи Кујтим, терористот што го изврши синоќешниот напад во Виена, му се заколнува на лојалност на својот водач, Абу Ибрахим ал-Хашими ал-Кураши, на арапски јазик.

Тој позираше со автоматска пушка, пиштол и мачета со која беше вооружен за време на нападот. 

Во синоќешниот терористички напад во Виена загинаа четири лица, меѓу кои и напаѓачот, 20-годишен приврзаник на Исламска држава, кој беше убиен од страна на полицијата. Во нападот се повредени 17 луѓе.

Извор: televizija 24

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: