Исплатени се три плати за вработените во поранешно ,,Фени”, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на неговата официјална фејсбук страна.
„Во интерес на 900 вработени, стечајни работници и во интерес на нивните семејства, ја информираме јавноста дека „Еуроникел“ во стечај, ги исплати очекуваните плати за последните три месеци од отворањето на стечајната постапка, во вкупен износ од 101.261.445,00 денари. Дополнително се исплати регрес за годишен одмор и неисплатен годишен одмор во износ од 9.076.808,00 денари, соопшти Јанчев.
Кавадаречкиот градоначалник истакна дека очекува оваа компанија наскоро да започне со производство, а вработените што побрзо да се вратат на работа.