Ист број на оздравени и заразени велешани во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Zito akcija 640x289px

Направени се 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на КОВИД-19:

Agria

Скопје – 142, Битола – 17, Охрид –16, Кавадарци и Струмица – по  14, Прилеп – 13, Велес – 9, Штип и Ресен – по 7, Валандово – 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Гевгелија и Неготино – по 3, Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Свети Николе, Берово и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 353 оздравени пациенти од:

Скопје – 165, Прилеп – 30, Битола – 29, Кавадарци – 24, Куманово – 12, Охрид – 11, Радовиш – 10, Велес – 9, Струмица и Валандово – по 7, Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Богданци и Кичево – по 3, Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (73г и 84г) и по едно починато лице од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174.

Можеби ќе вњ интересира:

https://batali.net/26143/video-selektorot-lazarov-gi-sobra-reprezentativczite-megu-niv-i-veleshaneczot-kostadin-petrov/