Нов убедлив пораз на домашен терен од 0:8 од составот на Истатов Кул во четвртото коло од Првата женска фудбалска лига забележаа фудбалерките на Борец.
Петрушевска постигна четири погодоци, а стрелаа уште и Меијер, Петкова, Здравеска и Станкова.
Содржината продолжува под рекламата
По одиграни четири кола во Првата женска фудбалска лига фудбалерките на Борец примија 26 гола, а не постигнаа ниту еден. По поразот од 8:0 од Деспина, следуваше уште еден повисок пораз на домашен терен од екипата на Скопје 2014 со 0:10, а во минатото коло беа слободни.
Можеби ќе ве интересира: