Фудбалската репрезентација на Македонија продолжи да пишува историја! Со домашна победа над Исланд (3-1) избраниците на Благоја Милевски го остварија најдобриот пласман во едни квалификации за Светското првенство (СП) и за првпат ќе играат во бараж за пласман на големата светска фудбалска
На нашиот национален тим му беше потребна победа за да ја оствари целта и воден од публиката дојде до посакуваните три бода на Арената „Тодор Проески“. Преку 17.000 гледачи грмеа за Македонија, а тоа беше голем стимул за играчите на Благоја Милевски да го надмудрат ривалот и со погодоците на Езџан Алиоски и Ељиф Елмас да го чекираат посакуваното второ место, зад Германија, а пред Романија. Македонија ќе биде меѓу неносителите на баражот.
Содржината продолжува под рекламата
Милевски направи една измена од тимот кој славеше во Ереван пред четири дена. Капитенот Стефан Ристовски го зазеде своето место крај десната аут линија, на местото на Стефан Ашковски. Трајковски уште во третата минута ја имаше првата шанса, но неговиот удар од левата страна заврши крај голот на Рафн Олафсон. Се играше четвртата минута кога гостинскиот голман првпат интервенираше по обидот по земја на Елмас, исфрлајќи ја топката во корнер. Во седмата минута исландскиот блок попушти, откако Алиоски од левата страна распали и со прецизна дијагонала го отвори резултатот (1-0).
Содржината продолжува под рекламата
Тордарсон со удар од голема далечина во 15. минута за првпат се закани по нашиот гол, но биеше многу непрецизно. Три минути подоцна се обиде Елмас, по корнерот на Трајковски, но биеше крај дирекот. Во 24. минута од огромна далечина се обиде Барди, но биеше преку голот на гостите од Скандинавија. Најзрелата наша шанса ја имаше Милан Ристовски, кој одлично беше проигран од Трајковски, но биеше централно и Олафсон интервенираше. Во 40. минута Чурлинов постигна гол за 2-0, по ударот на Алиоски и одбиената топка од Олафсон, но судиите и ВАР-технологијата потврдија дека фудбалерот на Шалке 04 бил во недозволена позиција.
Нашата селекција рутински го приведе првиот дел кон крај, не дозволувајќи противникот да се закани со зрели шанси. И на стартот на вториот дел Македонија почна да притиска. Имаа обиди Милан Ристовски и Ељиф Елмас, но блокот на „рибарите“ функционираше според планот и не дозволи да се загрози голот. За тоа пристигна казната. Од првата сериозна шанса, Исланд дојде до изедначување. Во 54. минута по едно нафрлање капитенот Бјарнарсон спушти топка со глава до Торстеинсон, а тој го надмудри Димитриевски (1-1).
Судијата Маса го призна голот и покрај прегледувањето на ВАР. По примениот погодок, Дарко Чурлинов го повреди рамото и беше заменет, на негово место влезе Ашковски. Кратко траеше радоста на Исланѓаните, затоа што во 65. минута по една мешаница во казнениот простор Елмас се најде на вистинско место во вистински момент и ја врати предноста за Македонија (2-1).
По погодокот за враќање на предноста, Милевски го зацврсти средниот ред и во игра го внесе Стефан Спировски. Бонус беше и црвениот картон кој го доби Исланд, откако во 79. минута поради втор жолт картон исклучен беше Јоханесон. Во последните десет минути Македонија играше доста претпазливо, а победата ја потврди Ељиф Елмас со вториот гол во мрежата на гостинот, за конечни 3-1.
Можеби ќе ве интересира: