Историска победа за дебитантот Фруитленд Борец во ракометната Супер лига

Fruitlend Borec trening

Прва победа на дебитантот Фруитленд Борец во ракометната Супер лига уште на стартот од првенството. Во тврд и неизвесен натпревар велешани го собраа целиот плен од Струга, совладувајќи го домаќинот со резултат 31:30.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Натпреварот добро започна за велешани, кои го имаа водството до 18 минута од 10:9. Тренерот на стружани Наум Таневски побара тајма аут, по што домашниот состав се консолидира и веќе на полувреме ја имаа предност од два гола, 16:14.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

И во вториот дел домаќините го контролираа водството се до 40 минута кога Фруитленд Борец израмни на 20:20: Од тој момент се играше егал до самиот крај на натпреварот. На една минута пред крајот на натпреварот резултатот беше израмнет 30:30, a домашниот состав беше во напад. Некоректното подавање на еден од домашните играчи го казни искусниот Зоран Стојановски за прва победа на велешани.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: