Историски дуел во Росоман, Башкими и Победа од Пепелиште во борба за место во Купот на Македонија

Bashkimi Bucin sezona 24/25

Оваа недела велешката фудбалската јавност ќе има прилика да сведочи на возбудлив натпревар со историска конотација, кога третолигашот Башкими од Горно Јаболчиште ќе се сретне со Победа од село Пепелиште, член на Општинската лига на Неготино. Мечот се игра во недела со почеток од 17 часот на теренот во Росоман, и ќе го одлучи последниот патник во шеснаесетфиналето на Купот на Македонија.

За екипата на Башкими, ова е шанса да испише историја. Тие веќе го елиминираа тимот на Горски со 3:1 во претходната фаза и се само на чекор до настап во главната рунда на најмасовното фудбалско натпреварување во земјава.

Agria

Од друга страна, Победа од Пепелиште, како претставник на најнискиот ранг во натпреварувањето, исто така има што да покаже. Нивното учество во оваа фаза само по себе е успех, а евентуален пласман понатаму би бил вистинска сензација.

Сè е подготвено за вистински фудбалски спектакл во Росоман, каде страста, борбеноста и амбицијата ќе бидат на највисоко ниво. Победникот ќе го продолжи патот во Купот, а за поразениот ќе остане гордоста од учеството во битка за нешто поголемо.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: