Велешкото Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против жител на овој град на возраст од 29 години поради сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот велешанец, на 11 март, заради продажба, неовластено држел марихуана во вкупна количина од 4.957,86 грама, и тоа во повеќе пакувања во градината пред куќата во која живее, во собата во која престојувал и во автомобилот.
Дрогата била пронајдена и одземена од полициски службеници на СВР Велес при вршење претрес кај осомничениот кому сега му е определен притвор во траење од 30 дена.
Moжеби ќе ве интересира: