Конечно љубители на футсалот ќе можат да проследат првенствен натпревар во спортската салата „Гемиџии“. Екипата на Кеги Моби по првите две гостувања, денес ќе го пречека составот на Бутел.
Содржината продолжува под рекламата
Екипата на Кеги Моби по две одиграни кола се наоѓа четвртата позиција со три освоени бода, додека Бутел со само еден освоен бод е на делба на седмата позиција. Оттука доаѓа оптимизмот кај Кеги Моби дека бодовите ќе останат во Велес.
Содржината продолжува под рекламата
„На натпреварот против Карадаку одигравме добро во вториот дел и тоа го крунисавме со три бодови за нас и сакаме да го задржиме тоа темпо и овоа коло, да останат бодовите во Велес, со што ќе котираме подобро на табелата во почетокот на првенството“, изјави Кирил Ивановски.
Од клубот ги повикаа сите љубители на футсалот да дојдат да го бодрат клубот. Натпреварот започнува во 18 часот во спортската сала „Гемиџии“
Можеби ќе ве интересира: