Парламентот во Србија за денеска го закажа продолжението на конститутивната седница, а како што е најавено, пратениците ќе преминат на втората точка на дневниот ред – избор на претседател на собранието.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека Ивица Дачиќ, ќе биде предложен за претседател на Српскиот парламент.
Пратениците по оваа седница треба да направат измени во законот за Влада и министерства, имајќи предвид дека е најавено формирање на две нови министерства, а потоа на специјална седница мандатарот за состав на новата влада, Ана Брнабиќ, ќе го претстави своето излагање и предлогот на нејзиниот кабинет.
Рокот за избор на нова Влада во Србија истекува на први ноември, 90 дена по потврдувањето на мандатот на народните пратеници.
Можеби ќе ве интересира: