ИЗБОРИ 2021: Јанчев најави набавка на училишни автобуси и едносменска настава во средните училишта

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев заедно со носителот на советничката листа, д-р Стојанчо Рамов на денешната прес конференција презентираа нови три проекти. Најавија изградба на стационар за животни, обнова на возниот парк на ЈП Комуналец, воведување на едносменска настава во сите средни училишта, како и набавка на училишни автобуси.

Zito akcija 640x289px

„Со проектот ‘Изградба на стационар за животни’ ќе се постигне намалување на бројот на кучиња бездомници, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста на граѓаните, како и заштита и згрижување на кучињата. Воедно, ќе се подигне и свеста за одговорно сопствеништво, поттикнување на граѓаните да ги регистрираат, вакцинираат и стерилизираат своите миленици. Сити овие активности ќе бидат опфатени преку изградбата на стационар, кој ќе биде целосно опремен вклучувајќи и шинтерска служба која ќе бидел дел од овој стационар“, рече Јанчев.

Тој најави обнова на возниот парк на ЈП Комуналец, со нови камиони и цистерни.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во насока на зголемувањето на нивото на хигиена во градот, ќе се набави нова цистерна за перење на улици, набавка на два нови камиони за износ на сметот, што ќе се придонесе кон подобрување на хигиената во градот, како и отпочнување со износ на смет и во селските средини“, објасни Јанчев.

Содржината продолжува под рекламата

Третиот проект кој го најави е воведување на едносменска настава во сите средни училишта и набавка на училишни автобуси.

„Набавка на 9 училишни автобуси за превозна ученици од основните и средните училишта. Со ова ќе се обезбеди бесплатен превоз на ученици на кои им следува бесплатниот превоз, кои живеат на оддалеченост поголема од 2 км. Автобусите ќе бидат унифицирани и брендирани“, рече Митко Јанчев.

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев најави реализација на 180 проекти во следниот четиригодишен мандат.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23995/golem-broj-novozarazeni-veleshani-za-edno-denonokie/