ИЗБОРИ 2021: Марко Колев од ВМРО ДПМНЕ вети 213 проекти за Велес

Кандидатот за градоначалник за општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, на вечерашниот митинг во општина Велес, истакна дека се обврзува за над 213 проекти во Велес, како нов развоен истражувачки центар, подземна гаража, нова индустриска зона, три нови спортски комплекси, велосипедски патеки и реконструкција на патот до езерото Младост, нов ГУП, уредување на кејот на Вардар.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Тој рече дека ќе ја вложи целата своја енергија, целото негово знаење за просперитетен Велес, за поубаво место за живеење за своите сограѓани.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во програмата која заедно ја изработивме со граѓаните, нудам многу проекти, а воедно и решенија за проблемите кои ги мачат нашите сограѓани. Не ветувам ништо што не можам да го реализирам, a ќе реализирам многу повеќе од ветеното. Ајде да работиме сите заедно, ајде да го вратиме Велес на картата на силни градови, aјде да го вратиме Велес на пиедесталот, на град со најмногу реализирани капитални проекти, најмногу инвестиции, град со најголема поддршка за спортот, културата и младите, Велес за сите граѓани“, рече Колев.

Содржината продолжува под рекламата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека во оваа кампања од Заев виделе ароганција, реприза на истите флоскули и немање на програма. Тој посочи дека додека Заев носи поздрави од Меркел и Макрон, Бојко Борисов како премиер на Бугарија на истиот самит на ЕУ, донел помош во Бугарија од дури 38 милијарди евра.

„Не можам да се начудам на нивната ароганција и малодушност. Заев пред некој ден кога дојде од самитот на ЕУ се пофали дека иако нема датум за ЕУ ни пренесува поздрави од Макрон и Меркел. Се сеќавам кога тогашниот премиер на Бугарија Бојко Борисов се врати од еден таков состанок на ЕУ и однесе вест во Бугарија дека донел ни помалку, ни повеќе туку 38 милијарди евра помош, а овој нашиот ни пренесува поздрави од Макрон и Меркел, рече Мицкоски.

На митингот во Велес беше претставена и листата на кандидати за членови на Советот на Општина Велес, предводена од Зоран Љутков.

Можеби ќе веи нтересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: