Кандидатите за градоначалник на Велес, Ненад Коциќ од СДСМ и коалицијата, Марко Колев од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и Златко Арсов од Левица, синоќа се соочија на дебата на програмата на јавниот сервис МРТВ1. Столчето наменето за четвртиот кандидат Семир Алимов од Бошњачкиот демократски сојуз не се појави на дебатата.
Кандидатите дебатираа за локалниот економски развој, екологијата, културата и други теми, важни за животот на граѓаните на Велес. Впечаток е дека дебатата помина во атмосфера на висока политичка култура, во која тројцата кандидати се обидоа да ги убедат гласачите во своите аргументи, со кои настапуават на локалните избори.
Содржината продолжува под рекламата
Се разбира, неблагодарно, а и непрофесионално е ние како редакција да даваме оценка за тоа кој кандидат беше најубедлив и чии аргументи беа најсилни. Но, затоа, тоа можете да го направите Вие, почитувани читатели, на анкетата која ја поставивме на нашата фејсбук фан страница.
Содржината продолжува под рекламата
Во исто време, на линкот подолу, можете да ја проследите дебатата.
Можеби ќе ве интересира: