Во сабота, на 18 септември, во 18 часот на античкиот локалитет „Стоби“ ќе биде отворена голема изложба со дела од Петар Хаџи Бошков со наслов „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“.
Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на Хаџи Бошков, кои опфаќаат четиридецениски период (1962 – 2004) од овој значаен уметник, чие творештво е вградено во темелите на современиот културен идентитет на земјава.
Содржината продолжува под рекламата
Куратор и автор на концептот е Владимир Јанчевски. Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ. Иницијативата за овој проект е на Националната установа за управување со археолошки локалитет Стоби – Градско, и се реализира во рамките на долгорочната проектна-програма „Стоби – жив град“, со идеја да се заживее локалитетот и да се овозможи отворање нови перспективи во дијалогот со модерното наследство, како и со современата културна продукција.
Содржината продолжува под рекламата
Сите изложени дела авторот ги има зачувано во лична сопственост и ги оставил во наследство на неговото семејство. Овие репрезентативни дела, благодарение на неговиот син Игор Хаџи Бошков ќе бидат позајмени и директно од ателјето ќе бидат пренесени на локалитетот Стоби.
Можеби ќе ве интересира: