Измамите земаат замав, жител на велешко село измамен за набавка на бела техника

policija Veles

На 16.08.2024 во СВР Велес 47-годишен жител на велешко село пријавил дека бил измамен
од едно лице за сума од 251.110 денари.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Според пријавеното, на 29.07.2024 преку мобилна апликација лицето се договорило со него за набавка на бела техника. Како што е пријавено, договорената стока била испратена во Скопје – Чаир и била преземена од друго лице, но парите не му биле исплатени во договорениот рок и после една недела лицето веќе не било достапно, по што сфатил дека е измамен.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира: