Башкими го забележа вториот пораз во првенството. Слага од Лажани, иако на табелата е 12 пласирана со само 4 бода, денес го забележа вториот триумф совладувајќи го Башкими со 3:1.
Емир Каришиќ беше стрелец на два гола, еден во противничката мрежа, а еден во сопствената, Адмир Угљанин и Шабан Мухамед Машовиќ уште стрелаа за домашниот тим.
По 11 одиграни кола, Башкими падна на шестата позиција со 16 освоени бода. Во следното коло, Башкими го пречекува составот на Венец кој е седмопласиран на табелата.