Во рамки на 6. коло од Општинската фудбалска лига, викендов се одиграа два интересни натпревари кои донесоа изненадувачки резултати. Екипата на Младост, која досега имаше максимален ефект, го забележа првиот пораз во првенството на свој терен, по поразот од Форца Нова со резултат 2:4. Гостите одиграа борбено и дисциплинирано, казнувајќи ги грешките на домашните и заслужено се вратија со три бода.
Во вториот натпревар, Горски конечно го впиша првиот сезонски триумф, совладувајќи ја екипата на Раштани со резултат 4:2. Горски со оваа победа најавија подобри партии во продолжението од сезоната. Натпреварот меѓу Согле и Врановци беше одложен и ќе се одигра во дополнителен термин.
Општинската лига продолжува следниот викенд кога ќе се одигра последното есенско коло.
| 1 | МЛАДОСТ 1976 | 5 | 4 | 0 | 1 | 17/11 | 12 |
| 2 | ВРАНОВЦИ | 5 | 4 | 0 | 1 | 16/6 | 12 |
| 3 | СОГЛЕ | 4 | 3 | 0 | 1 | 8/5 | 9 |
| 4 | ФОРЦА НОВА | 5 | 3 | 0 | 2 | 15/10 | 9 |
| 5 | ТИМ ЛОКОМОТИВА | 5 | 1 | 0 | 4 | 6/17 | 3 |
| 6 | РАШТАНИ СПОРТ | 5 | 1 | 0 | 4 | 7/16 | 3 |
| 7 | ГОРСКИ | 5 | 1 | 0 | 4 | 8/12 | 3 |

















