Изречена казна од 20.000 евра за испуштање мазут во реката Вардар кај Градско

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско. Според информациите, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви.

Zito akcija 640x289px

За правното лице е изречена казна од 20.000 евра во денарска противвредност за загадување на површински води, согласно Законот за води. Наредено е и чистење на остатоците од излевањето во кругот на оранжериите, како и склучување договор со компанија лиценцирана за транспорт и отстранување на опасен отпад.

Agria

Наредниот ден е извршен и дополнителен контролен надзор при кој е утврдено дека правното лице има постапено по наредбата.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22628/se-zgolemuva-brojot-na-novi-sluchai-na-kovid-19-nema-novozarazeni-vo-veles/