Бесплатен паркинг и неограничен влез во Кавадарци за време на „Тиквешки гроздобер”, манифестација што ќе се одржи од 8 до 10 септември. Ова го најави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на седница на општинскиот Совет.
Содржината продолжува под рекламата
„Традицијата за одржување на Тиквешки гроздобер ќе ја продолжиме и нема да дозволиме да згасне оваа манифестација“ рече меѓу другото во својата дискусија, пред советниците на вчерашната седница, градоначалникот Митко Јанчев. Очекува масовна посетеност и годинава, а гостите во Кавадарци ќе бидат пречекани со грозје и бесплатен паркинг.
Содржината продолжува под рекламата
На „Тиквешки гроздобер” ќе настапат Лепа Брена, Дарко Лазиќ, Халид Бешлиќ и Хурикејн, но и претставници на македонската музичка сцена. Програмата содржи карневалско дефиле, културни настани, изложба на олд тајмери, мото рели, таблијада, огномет.
На градскиот плоштад во Кавадарци ќе се презентира тиквешка традиционална храна, виното, ракијата, маџунот.
Можеби ќе ве интересира: