Јанчев: Секое прваче ќе добие по 2000 денари

Mitko Jancev 4
Mitko Jancev 4

Првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев ги информираше граѓаните дека е исплатена првата половина од планираните финансиски средства наменети за сите спортски клубови, здруженија и невладини организации и дека секое прваче ќе добие 2000 денари.

Zito akcija 640x289px

„Денеска Општина Кавадарци ја исплати првата половина од планираните финансиски средства наменети за сите спортски клубови, здруженија и невладини организации, по претходно поднесено барање. Горди сме на сите успеси од сите спортисти и спортски клубови. Се надеваме дека со ова ќе ги поттикнеме за уште повеќе и уште поголеми успеси. Затоа што тие се наши амбасадори, нашата гордост и секогаш ќе ја имаат нашата поддршка. Кавадарци е спортски град. Сега и во иднина!“, објави Јанчев.

Agria

„Секое запишано прваче во Општина Кавадарци, за учебната 2022 – 2023 година, ќе добие по 2000 денари за среќна и успешна учебна година.

Со оваа одлука на Советот на Општина Кавадарци која за прв пат е донесена кај нас, еден од родителите на вкупно 356 првачиња од нашата општина, во понеделник ќе добие парични средства во износ од 2000 денари.

Првачиња, СРЕЌНО!“, стои во Фејсбук објавата на градоначалникот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: