Тимот на Борец ќе добие и трет предводник оваа сезона, откако по само пет натпревари на клупата на Борец, Јане Николовски и клубот спогодбено се разделија. Ова е втора тренерска смена во Борец, откако претходно тимот го водеше Борче Христов.
Како предводник на Борец, Јане Николовски има пет порази од кој три се на домашен терен, и ниту една победа или нерешен резултат, со гол разлика 4:11, а клубот го остави на претпоследното 11 место со само осум освоени бода.
Содржината продолжува под рекламата
Според неофицијални информации на неделниот дуел на домашен терен со Македонија ЃП екипата ќе ја води тандемот Баже Левков – Марјан Герасимовски.
Можеби ќе ве интересира: