Управата на Борец експресно реагираше по заминувањето на Борче Христов од местото шеф на стручниот штаб, и го назначи поранешниот репрезентативен голман на Македонија Јане Николовски за нов шеф на стручниот штаб, објави порталот Спортмедиа.
Јане Николовски ќе има тешка задача, бидејќи Борец по одиграни 10 кола се наоѓа на 10 место со само осум освоени бода, а во недела ја пречекува екипата на Академија Пандев.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку Николовски нема неко големо искуство во водење на клубови. Последен ангажман му беше во Слога Виница, а инаку беше на чело и на Победа, Хоризонт Турново.
Можеби ќе ве интересира: