Јапонскиот премиер Шинзо Абе планира да одржи прес-конференција, соопшти неговата канцеларија, во услови на зголемена загриженост во врска со неговата здравствена состојба.
Тој веќе неколку години страда од болеста улцерозен колитис и се верува дека состојбата му се влошила во изминатиот период, па најавил повлекување од функцијата со цел да не ѝ прави проблеми на владата. Абе оваа недела двапати беше снимен како посетува болница, што предизвика загриженост и шпекулации во јавноста.
Во понеделникот Абе одбележа осум години на власт и стана лидер на Јапонија со најдолг стаж, соборувајќи го рекордот кој пред половина век го постави неговиот чичко Еисаку Сато.
Се очекува должноста премиер да ја извршува неговиот заменик, министерот за финансии Таро Асо.
Можеби ќе ве интересира: