Македонското фудбалско првенство полека се ближи кон својот крај. За време на викендот се играат натпреварите од 32. коло.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги откри имињата на арбитрите задолжени за овие средби. Натпреварот кој е од големо значење за обете екипи помеѓу Борец и Ренова ќе го суди добро познатиот судија Јован Качевски од Струга.
На мечот во Струмица меѓу градските ривали Беласица и Академија Пандев главен судија ќе биде Дејан Јакимовски. Во Ѓорче пак, каде играат Македонија ЃШ и Шкендија, главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје. На стадионот на Чаир Шкупи ќе го пречека Пелистер, главен судија ќе биде Александ Грујоски од Кичево.
Возбудливо треба да биде и на националната арена „Тодор Проески“, каде Стојан Трпчевски Качевски ќе го суди дуелот помеѓу Работнички и Силекс додека во Струга на натпреварот, помеѓу Струга Трим Љум и Вардар, на центарот ќе застане Пилешков.
Можеби ќе ве интересира: