Јован Качевски ќе ја дели правдата на натпреварот Работнички и Борец

Jovan Kacevski Struga Sudija
Jovan Kacevski Struga Sudija

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата во прво коло од Првата македонска фудбалска лига, која започнува овој викенд.

Zito akcija 640x289px

Со натпреварот против Работнички фудбалерите на Борец ќе ја отворат новата фудбалска сезона. Главен судија на натпреварот во Скопје ќе биде Јован Качевски од Струга.

Agria

На останатите натпревари кои се играат во недела од 17 и 30 часот и се среќаваат Македонија Ѓорче Петров – Пелистер, а главен судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев.

Тиквеш и Шкендија ќе играат во Прилеп, на центарот ќе стои Игор Стојчевски, додека во Штип, на мечот Брегалница –  Шкупи ќе суди Александар Грујоски, а на мечот Ренова – Скопје главен арбитар ќе биде Стојче Трпчевски.

Велешанецот Игор Иванов ќе ја дели правдта на натпреварот во Струмица помеѓу екипите на Академија Пандев и Струга Трим Љум.

Минатата сезона не смееше да има гледачи поради пандемијата со коронавирусот. Но, за оваа сезона, одлучено е македонскиот фудбал да се игра пред 30% гледачи од капацитетот на стадионот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: