Британскиот сој на коронавирус е потврден кај двајца пациенти од Велес, кои се хоспитализирани во велешката болница, потврди Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес, од каде што велат дека и двајцата се лекуваат во велешката болница.
„Овој сој е детектиран кај двајца пациенти од Велес, кои се хоспитализирани и се лекуваат на инфективното одделение во велешката болница. Брисовите се земени од болница и препратени во Институтот за јавно здравје во Скопје, а оттаму се пртепратени за секвенционирање во МАНУ“, рече Весна Николовска Неделкова, в.д. директорка на ЦЈЗ Велес.
Сепак, најверојатно не се работи за велешанката која во јануари се врати од Лондон и нејзиниот партнер, за кои минатата недела пишувавме, бидејќи таа воопшто не беше хоспитализирана, а нејзиниот партнер денеска е пуштен од болница.
Во лабораториите на МАНУ новата британска мутација е потврдена кај 45 лица во десеттина градови низ земјава. Најмногу е застапена во Охрид и Прилеп. Од МАНУ исто така предупредуваат дека од детектирањето на првиот пациент во Охрид, мутацијата на вирусот забрзано се шири. До сега во Македонија како резултат на оваа мутација регистриран е еден починат пациент на 46 години.
Можеби ќе ве интересира: