Работник на АД ,,Градско“ од Градско, вчера во полиција пријавил дека во нива во атар на село Виничани, општина Градско, била пронајдена неиспукана граната.
Текстот продолжува под рекламата
„На 10.05.2024 во 11.15 часот во СВР Велес Р.Б., вработен во АД ,,Градско“ од Градско,
пријавил дека во нива во атар на село Виничани, општина Градско, била пронајдена
неиспукана граната“, соопштија од СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
Известена била Дирекцијата за спасување и заштита и од страна на пиротехничар од Дирекцијата гранатата била безбедно подигната.
Можеби ќе ве интересира: