Каква е моменталната состојба со сообраќајот на државните патишта

avtopat Kumanovo Skopje veles
avtopat Kumanovo Skopje veles

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Zito akcija 640x289px

Согласно одобрението издадено од страна на Министерството за Транспорт и Врски, “ВИАДУКТ ТРЕЈД” ДООЕЛ Гостивар известува дека почнувајќи од вторник 14.06.2022 година од 10 до 14 часот, во наредните 45 дена ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект Рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.

Agria

Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД, Гостивар.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: