Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 Целзиусов степен.
В вторник ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја, а од среда ќе настапи стабилизирање на времето. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Можеби ќе ве интересира: