Камчев: Бојан успеа од цел град да направи мајмуни

Orce Kamcev

Обвинетиот Боки 13 , на Јордан Камчев, му нудил да инвестира на локаци во Струга, Охрид за старечки домови, односно дека за ова инвестиција ќе добие 20 проценти субвенци од државата.

Zito akcija 640x289px

„Зоран Милевски и Бојан Јовановски дојдоа кај мене и на маса ми ги дадоа локациите. Ми кажа дека Карпош е блокирано, Битола е зафатено. Сето ова чинеше 4 милиони евра“, рече Орце Камчев на денешното сведочење во Кривичниот суд за „Меѓународен сојуз“, пренесува порталот Либертас.

Agria

Камчев потоа бараше на обвинителна клупа да бидат и Лазар Јанев, син на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева како и Зоран Милески-Кичеец кој го нарече амнестиран. Тој кажа дека откако го одбил вториот проект за старечки домови, од кој, како што потенцираше, добивка имал Лазар Јанев, врз него почнала тортурата и бил покренат предметот „Империја”.

„Додека купував време за слобода и да те „скинем с такво“ ти платив 150 илјади евра за реклами на твојата телевизија. Седиштето на „Меѓународниот сојуз“ беше некаде над британска амбасада и знам дека доаѓаа бизнисмени со торби полни со пари. Бојан успеа од цел град да направи мајмуни. Никогаш не поверував во проектот Меѓународен сојуз“, вели Камчев.

Адвокатот на Боки 13, посочи дека Камчев бил непотребен сведок во овој случај. Обвинителството воопшто не го сослушал како сведок за овој предмет кога се подготвувале обвинението.

„Како капа на се, ви кажува сведокот дека не е кредибилен. Неколку пати сам ви кажува дека не е креди билен и вие со неверојатна упорност се обидувате повторно да го сослушувате“, рече Сашко Дуковски, адвокат на Боки 13.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19300/voznemiruvachko-video-srede-bel-den-grupa-od-okolu-desetina-luge-so-stapovi-i-palki-brutalno-pretepaa-chovek/