Само среќата го спасила овој возач кој се сообраќал на релацијата Кочани-Македонска Каменица, на потегот од село Истибања до брана Калиманци. Новите одрони заглавија возило кое поминувало по заобиколната лента која во должина од 300 метри беше изградена од ЈП ,, Македонија пат” за да продолжи сообраќајот на овој патен правец.
Новите одрони според информации на очевидци го отежнува сообраќајот на овој регионален пат, но засега истиот се одвива по земјениот дел кој е оспособен за движење на возилата.
Предупредувањето за внимателно возење и движење на овој патен правец останува во важност. Возете внимателно бидејќи влажното време и ниските температури се фактор плус за создавање на нови одрони кои значително го отежнуваат сообраќајот.
Можеби ќе ве интересира: