понеделник, 1 март, 2021
Реклама

Еден починат пациент и 11 нови позитивни случаи на ковид-19 во Велес

veles

Нови 11 позитивни случаи на ковид-19 се регистрирани во во последните 24 часа во Велес. Институтот за јавно здравје регистрира и шест оздравени пациенти, но има и еден починат пациент во велешката болница. Бројот на активни случаи во Велес е и Велешко е 316.

Во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19. Од нив, 179 се во Скопје, 24 во Куманово, 18 во Охрид, 14 во Тетово, по 13 нови случаи има во Штип и Кавадарци, 11 во Велес, 10 во Делчево, по осум новодијагностицирани имаат Гостивар и Кочани, седум во Струмица, пет во Прилеп и Пробиштип, четворица во Струга,  Кичево, Дебар и Берово, тројца во Крива Паланка и Богданци, двајца во Свети Николе и Демир Капија и по еден нов случај во Битола, Гевгелија, Ресен, Виница, Крушево и Пехчево.

Kegi Mobi

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 378 оздравени пациенти. Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, бројката на оздравени пациенти е 76423, на починати е 2779, а бројот на активни случаи изнесува 11269.

Можеби ќе ве интересира: